Хотелот „Шелдон Шалет“ се наоѓа на надморска височина од 1.829 метри, а оттаму нуди прекрасен поглед на „крајот на светот“ и поларната светлина.
„Шелдон Шалет“ се наоѓа на гребен во амфитеатарот Дон Шелден на глечерот Рут. Се наоѓа на 1.829 метри надморска височина и нуди некои од најимпресивните погледи на Алјаска.
До овој хотел може да се стигне само со воздушен, приватен хеликоптер. Минималниот престој од три ноќевања, кој чини 35.000 долари, вклучува превоз со хеликоптер, приватен консиерж, гурмански ресторани и активности како што се санкање, планинарење и сауни на покривот.
Оваа колиба има пет спални соби и може да прими максимум 10. гости истовремено.
„Шелдон Шалер“ е именуван по архитектите Дон и Роберт Шелдон, кои ја дизајнирале оригиналната кабина во 1966. година, која беше реновирана во 2018. година и претворена во луксузен хотел од нивните деца Роберт и Кејт.
„Едноставните работи како проточна вода се всушност прилично луксузни кога сте на глечер на надморска височина од 1.800 метри“, вели Марне Шелдон, сопругата на Роберт.
Роберт признал дека е неописливо чувство да се заврши нешто што нивните родители го измислиле во 1960-тите.
„Мајка ми и татко ми беа луѓе вредни за паметење, но нивната желба за оваа локација немаше никаква врска со нивното наследство. Тие само сакаа другите луѓе да го искусат ова место кое е велиќествено над сè друго на планетата“, рекол Роберт.
Фото: Принтскрин/Instagram