(ВИДЕО+ФОТО) Започна: Западните сили ја нападнаа Сирија, експлозии го тресат Дамаск, Трамп и се обратил на нацијата, Русите бесни…

Американските, британските и француските сили со воздушни напади ја погодија Сирија, рано утрово, како одговор на нападот со хемиското оружје ви кое минатата недела во сирискиот град Дума се убиени десетици луѓе, додека Русија порачала дека нападот нема да мине без последици…
Американскиот претседател Доналд Трамп, доцна вечерата, во петокот, објавил дека акцијата е изведена. Додека говорел експлозии го потресле Дамаск.
Трамп рекол дека е подготвен да ја поддржи акцијата се’ додека владата на Асад не престане да користи хемиско оружје.
Нападот на Сирија е најголема интервенција на западните сили против Асад во седумгодишната војна во таа земја.
Русија во Сирија интервенирала во 2015. година, на страната на Асад.
„На воорушените сили на САД им наредив да покренат прецизни напади кон целите поврзани со капацитетите за хемиско оружје на сирискиот диктатор Башар ал Асад“ рекол Трамп на телевизија, од Белата куќа.


Трамп изјавил дека наредил прецизни удари, како одговор на нападот со хемиско оружје во кое минатата недела беа убиени најмалку 60. луѓе.


Американскиот министер за одбрана,Џејмс Матис, пак изјавил дека воздушните напади на цели во Сирија се изведени за да се испрати силна порака на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Меј: Станува збор за промена на сирискиот режим
Британскта премиерка Тереса Меј и францускиот претседател Емануел Макрон изјавиле дека Велика Британија и Франција се придружиле на нападот.

Макрон рекол дека нападот до сега е ограничен на сириските ресурси за хемиско оружје. Додал и дека одговорноста на сирискиот режим за хемискиот напад не се става во прашање.
Тереса Меј соопштила дека ги овластила британските сили за спроведување напад над Сирија и дека не станува збор за интервенција во граѓанска војна туку за промена на сирискиот режим.

Сирија: Ако не продолжи, нападот е ограничен
Американскиот напад на Сирија ќе се смета за ограничен, ако е завршен и ако нема да има друг круг на удари, рекол, за Ројтерс, висок службеник во регионалниот сојуз кој во сириската војна го поддржал претседателот Асад.
Сириските медиуми пак нападот под водство на САД го нарекле кршење на меѓународното право и известиле дека нападот целел кон воените магацини на подрачјето на Хомс.

Антонов: Ќе има последици од воени удари
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов предупредил,во сабота наутро, дека ќе има последици поради воените удари на Сирија предводени од САД и истакнал дека не било прифатливо да се навреди рускиот претседател.
„Да се навреди претседателот на Русија е неприфатливо и недозволено. САД е сопственик на најголемиот арсенал на хемиско оружје – нема морално право да обвинува друга земја“, рекол Антонов.

„САД и нејзините сојузници ја нападнаа Сирија во моментот кога во таа земја имаше шанси за мир“, изјавила утрово службената претставничка на МНР на Русија,Мариа Захарова на својата Фејсбук страница, а пренесува агенцијата ТАСС.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …