Споменатиот тренд во теорија звучи одлично, но во пракса нештата се потполно поинакви. Што е најлошо од се’, многу познати дами буквално ја подметнуваат својата наводно природна убавина, а којашто пак ја стекнале со најразлични третмани и зафати – за потоа да ја “продаваат” како природна.
Трендот на фотографирање без ниту најмалку шминка го започна Алиша Кис. Тогаш, на почетокот, таа предизвика бројни реакции, а во меѓувреме пак свои “природни” фотографии објавија уште многу познати дами – Лејди Гага, Гвинет Палтроу, Кетрин Зита Џонс, Хајди Клум, сестрите Кардашијан…
А она што е заедничко за сите дами е тоа што – ниту една славна дама нема пеги, брчки, лузни, бемки, дамки, подочници, непосакувани влакна, акни, неуредни веѓи… И ниту една не сака да признае дека можеби има вештачки трепки, малку трајна шминка или малку квалитетна пудра “за секој случај”.
Сепак, блогерката Gina Skheda објавила селфи без шминка објаснувајќи зошто изгледа толку добро.
Таа добила и мноштво од комплименти за фотографијата, но таа признала дека има силикони во устата, исцртани веѓи и дека всушност и не изгледа сосема така.