Починал Френк Винсент, ѕвезда на серијата „Семејството Сопранови“


Американскиот глумец Френк Винсент починал во 79. година живот, јавува TMZ.
Ѕвездата на серијата „Семејството Сопранови“ починала од последици на компликации после операција на срцето во болница во Њу Џерси. Минатата недела имал инфаркт.
Винсент во „Сопранови“ го глумел ликот на Фил Леотард, а се појавил и во неколку филмови на Мартин Скорцезе како „Добри мои“, „Разјарениот бик“ и „Казино“.


Со глумата го запознал татко му кој и самиот бил глумец, но аматер. Неговата кариера траела 41. година, а најчесто глумел мафијаши. Покрај глумата се бавел и со музика и пишување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …