Екипата која ги истражува напуштените и помалку познати места одлучила да се впушти во нова авантура – посетиле напуштена вила на наркобос, а призорите кои таму ги пронашле ги споредиле со сцени од криминалистички серии и филмови.
Вилата во Лондон била во сопственост на сопругата на Клиф Ричард а ја добила после разводот од поп пејачот кој бил поп сензација во шеесеттите години на минатиот век.
https://www.facebook.com/uniladmag/videos/3086262914730080/
Напуштената куќа до неодамна била изнајмена на криминалци од Лондон кои за наемнина издвојувале 5.000 фунти месечно.
Кога почнале да ја истражуваат куќата повеќе пати останале во шок. Освен крвавите органи во мијалникот, кои ги потсетиле на срца, во кујната откриле дека тече плин. Од куќата се ширела ужасна смрдеа.
Во една соба затекнале недопрен лустер а ги изненадила и макетата на куќата во која се наоѓале. Ниту полиците со книги не биле вистински туку зад нив се криел таен премин. Што уште се криело во напуштената куќа погледнете во видеата.
ekran платформа за слободоумни