(ВИДЕО) АББА оди на турнеја – но виртуелна


Љубителите на популарната шведска поп група „АББА“ ќе имаат можност да уживаат во концертите на омилениот состав.
Имено, „АББА“која се расформирала во 1982. година во 2019. година тргнува на нова турнеја во „виртуелен облик“.


„Од време на време ќе се видиме, заедно напрвивме многу различни работи, а сега имаме нов проект. Потребно ни е време, бидејќи мораме да ги дигитализираме лицата. Забавно е и технолошки напредно, така што ќе биде интересно“ изјавил членот на бендот, Бени Ендерсон за шведскиот весник Expressen.


Иако групата сака да ги израдув своите фанови, факт е дека турнејата нема да донесе голема радост како кога во живо би се појавиле на сцената. Сепак, едно е сигурно, за музичарите и тоа како ќе има заработувачка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Велигденска традиција во с. Градец – празнична магија под отворено небо

Со голема радост Ве покануваме на манифестацијата „Велигденска традиција“, која оваа година за првпат ќе …