(ВИДЕО+ФОТО) Славната глумица позирала потполно гола и конечно проговорила за разводот кој во април го шокираше Холивуд

Во април оваа година нивниот развод ги шокирал нивните обожаватели бидејќи важеле за една од најцврстите двојки во Холивуд.
Станува збор за актерско-танчерската двојка Шанинг Тејтум и Џена Девин кои со заедничко соопштение на Инстаграм во април оваа година потврдија дека се разведуваат после 12. заеднички години.


Познатата актерка и танчерка е во новото издание на магазинот „Woman’s Health“. Џена Деван, за насловната страница на магазинот се соблече гола и го покажа своето танчерско тело, а со фотографијата се пофали и на Инстаграм.
„Цел живот сум танчерка и навикната сум да носам малку облека“, рече во интервјуто за магазинот. Освен на насловната фотографија, Џена е гола и на фотографиите што се внатре во магазинот, а со една исто така се пофали и на Инстаграм.

Во интервјуто се споменува и разводот со актерот Чанинг Татум, после 9 години брак, кој ја шокираше јавноста пред околу 4 месеци. Откри дека останале во добри односи и дека сега повторно осознава нови работи за себе.
„Се чувствувам како да сум на бран кој нуди промени и созревање. Сè е поразлично и ново, но ова е мојот нов живот и сигурна сум дека ќе се навикнам“, раскажа Џена и додаде дека ѝ било потребно време додека да се опорави од разводот и да ја открие силата што се крие во секоја жена.

„Секогаш бев танчерка, сопруга и глумица. Сега се запознав во вистинско светло“, заклучи Џена, која со поранешниот сопруг имаат 5-годишна ќерка, Еверли Тејтум.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …