(ВИДЕО+ФОТО) Прогласена најубавата куќа на светот: Погледнете внатре и ќе сфатите зошто победила

Престижната награда RIBA ја доби куќата наречена Six Columns. Оваа куќа го добила името по шесте столбови кои се во нејзината структура.
Прогласена е за најубава куќа во 2024 година! Престижната награда RIBA ја доби куќата наречена „Six Columns“. Оваа куќа го добила името по шесте столбови кои се во нејзината структура.
Се наоѓа во јужен Лондон, во зеленото предградие Кристал Палас, а ја дизајнирал неговиот сопственик. Вил Бурџис, директор на 31/44 Architects, го изградил овој семеен дом за себе, неговата сопруга и нивните две деца, и тоа е рај за уживање.
Тоа е совршен спој на класичен и модерен дом. Зрачи со креативност, а делува како да е до половина средена, што и сакал да го постигне дизајнерот. Тој оставил можност нивниот дом да се приспособи на потребите на нивното домаќинство, нивните емоции и желби во годините што доаѓаат.

Куќата се состои од четири спални соби, огромна дневна соба за собирање, а ходник речиси и да нема. Она што особено го воодушевило жирито е софистицираното користење на просторот и материјалите.
Секогаш кога е можно, користеле самообработен материјал. Шарената тула е изложена на приземјето, додека за изработка на окови на столаријата се користени панели од смрека, кои лесно може да се прилагодат со текот на времето.


Погледнете ја куќата која ја доби престижната награда:

За повеќе детали, погледнете ги видеата:


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …