(ВИДЕО+ФОТО) Пристигнува еден од најморничавите филмови до сега!

Филмот „Hereditary” станал еден од најисчекуваните хорор остварувања откако доста ги преплашил, но подеднакво и воодушевил филмските критичари.
Глумицата Тони Колет добила посебни пофалби како жена „чие семејство има демони во крвта“.


Бастл наведува дека станува збор за „нешто што навистина никогаш не сте го виделе до сега“ додека АВ Клуб филмот го нарекол „чист емотивен тероризам“.

“‘Hereditary’ двојно ми го зголеми крвниот притисок, ја излекува мојата икавица,многу е морничав и многу ме преплаши“ рекол критичарот на „Гардијан“, Питер Бредшо, кој филмот го оценил со пет ѕвездички.
Режисерот и сценарист на филмот Ари Астер, од Њујорк, исто така добил многу пофалби.

„Кога првпат го гедав филмот доста се ’штрецнував’ и еднаш или два пати за малку ќе избегав под седиштето“ напишала Алиса Вилкинсон во текстот за „Вокс“.

„Она што навистина ќе го почувствувате на самиот почеток е вистински хорор, некој вид балансирање помеѓу вознемиреност и одвратност, кој почнува суптилно, се’ додека на крај не премине во крешендо“ додала таа. Клариса Лафри во написот за „Индепедент“ напишала дека „фактот е дека за овој филм се говори како за еден од најстрашните, најморничавите хорори во последните неколку години, укажува на неговата единствена атмосфера“.

„Таинственост, вина, страдање:’Hereditary’ гаи свои сопствени фантоми. Оние кои остануваат тука. Со недели подоцна, може да ви се случи да влезете во затемнета соба и да ви се врати тоа одвратно чувство:’Дали во овој момент сум сам/а“, коментирала.
Филмот премиерно во америкнските кина ќе се прикаже на 8. јуни, додека во британските ќе пристигне една недела подоцна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …