(ФОТО) Ријана раскинала со милијардерот:„Се уморила од мажи“

Поп пејачката Ријана повеќе не е во врска со саудискиот бизнисмен Хасан Џамал, пишуваат американските медиуми.
Како што дознава „Media tejk out njuz”,Ријана решила да ја прекине емотивната врска, а причина за тоа било што „се уморила од мажите“.
„Тоа беше добра врска, но сега е завршена. Секако, Ријана ’му го скршила срцето’. То е она што таа им го прави на мажите: им ги крши срцта. Ријана се уморила од него. Таа понекогаш се уморува од мажите“ рекол извор за овој медиум.


Многумина шпекулираат дека проблемот можел да настане поради бројните обврски кои Ријана ги има. Премиерата на филмот „Ocean’s 8“, каде глуми покрај Сандра Булок и Кејт Бланшет, лансирањето на својата линија на долна облека „Savage x Fenty“ и работата на колекцијата на шминка „Fenty Beauty“ се само дел од деловните обврски на пејачката.
Ријана и Хасан биле заедно од јуни 2017. година. Иако не се појавувале заедно во јавност, нивни заеднички слики се појавувале во многу таблоиди кои ги следат животите на познатите личности, па е познато дека заедно биле во Париз и на Ибица.

Пејаката сеуште не се огласувала во медиумите, и не го потврдила ниту негирала пишувањето на медиумот,а обожавателите ширум светот едвај чекаат да дознаат дали навистина Рири ставила точка на оваа врск од која многу се очекувало.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …