(ВИДЕО+ФОТО) Меган и Хари ги шокирале фановите кои „како луди“ ги купуваат сувенирите со нивните ликови!

Глумицата и принцот во подготовките за венчавката се поангажирани од било кој друг кралски пар. Тврдат дека сакаат да ги негуваат сопствените вкусови а не ставовите на кралското семејство.
Се чини дека младенците, принцот Хари (33) и глумицата Меган Маркле (36) одлучиле да ја прекршат досегашната „конзервативна“ традиција при изборот на музиката за првиот танц.
Според зборовите на пријател на семејството, двојката се одлучила за по малку нетипична песна за кралските свадби, „I wanna dance with somebody“ (Сакам да танцувам со некого) од 1987. година од починатата пејачка Витни Хјустон, пишува „Mirror“. Се шушка дека песната била желба на глумицата на која принцот не можел да и противречи.


Принцот Вилијам (35) и војвотката Кејт Мидлтон (36) првиот танц го танцувале со песната „Your song“ на Елтон Џон (71), а принцот Чарлс (60) и починатата принцеза Дијана со џез музиката на Лестер Ланин.
На скорешната венчавка се очекуваат и низа други песни од 80. ттите години а во живо ќе настапи и Елтон Џон кој откажал два концерти во Лас Вегас за да може да запее на кралската венчавка.
„Почестен сум што ќе бидам на венчавката и мило ми е што можам да ги видам среќни“ рекол Елтон.
Според се судејќи на свадбата нема да пеат „Спајсиците“, како што тоа порано се нагаѓало. Исто така нема да се појави ниту групата „Колдплеј“. Наводно, во јавноста се појавиле информации дека Меган до олтарот ќе ја одведе нејзиниот татко Томас Маркле (73) со кого не била во баш добри односи.
Има голема можност принцот Филип (96) да не се појави на венчавката која ќе биде на 19. мај бидејќи неодамна имал операција на која му бил заменет колкот, од што сеуште се опоравува.
Меган и Хари во подготовките за венчавката се поангажирани од било кој друг кралски пар. Тврдат дека сакаат да ги негуваат сопствените вкусови а не ставовите на кралското семејство.
Инаку ширум Лондон се продаваат многу сувенири по повод кралската венчавка.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …