(ФОТО) „Песна на Евровизија“ – второ полуфинале: Нови песни и шоу мајстории!

Организаторите на Евровизија оваа година ќе се потрудат да приредат спектакл каков што не е виден во историјата на ова шоу.А, од она што го видовме пред два дена не се далеку тоа и да го остварат.

Вечерва не очекува второто полуфинале на Евровизија, а за сабота е закажано големото финале.
Првото музичко шоу е одржано во 1956. година во Лугано, а веќе во 1957. година Австралија, Данска и Велика Британија биле дисквалификувани поради не навремено пријавување, додека во 1969. година биле прогласени дури четири земји, Франција, Холандија, Шпанија и Велика Британија откако добиле исти број на гласови.
По 49. години Португалија е повторно домаќин, а сумата која домаќинот ја потрошил веќе со денови ја тресе европската јавност.
Организаторите на Евровизија оваа година ќе се потрудат да приредат спектакл каков што не е виден во историјата на ова шоу.А, од она што го видовме пред два дена не се далеку тоа и да го остварат.
Станува збор за вртоглави 23 милиони евра, а оваа сума е седум милиони помалку отколку минатогодишното шоу во Киев.
Вечерва за пласман во финалето ќе се борат претставниците на Норвешка, Романија, Србија, Сан Марино, Данска, Русија, Молдавија,Холандија, Австралија, Грузија, Полска, Малта, Унгарија, Литванија, Шведска, Словенија, Црна Гора и Украина.
Директниот пренос е од 21. часот на МРТ, или, ако не ви се допаѓаат коментарите, втората полуфинална евровизиска вечер можете да ја следите на каналите на Црна Гора, Словенија, Србија или Хрватска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …