(ВИДЕО+ФОТО) Кејт со еден детал и оддала почест на принцезата Дијана кога ја напуштала болницата

Британските медиуми пишуваат дека Кејт Мидлтон со фустанот кој го носела за време на претставувањето на новородениот син на светот и оддала почест на принцезата Дијана.
Имено, Кејт пред лондонската болница се појавила во црвен фустан со бела крагна, а токму таа била комбинацијата на бои во кои болницата ја напуштила и принцезата Дијана откако во 1984. година го родила принцот Хари.


Фустанот го потпишува Џени Пекам, додека Дијана во сега веќе дамнешната 1984. година носела долг црвен капут на Жан ван Велден под кој се наѕирала бела кошула.
Инаку, до 1982. година и раѓањето на принцот Вилијам членките на британското кралско семејство раѓале во приватност на кралските палати и не морале да се појавуваат пред камерите, со недели по породувањето. Меѓутоа, принцезата Дијана го немала тој луксуз и таа морала да застане пред камерите веќе еден ден откако ги родила принцот Вилијам а потоа и принцот Хари.
Слична „судбина“ имала и Кејт. Таа во јавност се појавила само 24. часа откако го родила Џорџ, само десет часови откако ја родила Шарлот и вчера, само седум часа откако го родила третото дете, синот чие име не е објавено.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …