DWAYNE THE ROCK JOHNSON и неговата девојка добиле ќеркичка кој ја нарекле Тиана Гиа.
„Благословен сум и горд што можам да објавам дека на свет пристигна уште едно јако девојче. Тиана Гиа Џонсон пристигна на овој свет како сила на природата, а мама Лорен ја донесе на свет како рок рок ѕвезда. Цел живот ме воспитуваа и окружуваа силни жени, но откако учествував во породувањето на малечката Тиа тешко можам да го објаснам новото ниво на љубов, почитување и восхитување кое го чувствувам кон Лорен и сите останати мајки и жени“, напишал The Rock.
Фотографијата од родилиштето на која снагаторот ја држи новородената ќеркичка ја лајкнале повеќе од три милиони луѓе за само еден час од објавувањето.
Тој и девојката Лорен веќе ја имаат ќеркичката Јасмин Ли која има две години.