После многу нагаѓања, конечно е службено – Лејди Гага ќе се мажи!
Пејачката и глумица Лејди Гага службено ги живее најдобрите години на својот живот. Откако со глумата воодушевила во новиот фуилм „Ѕвездата е родена“, во кој глуми со познатиот глумец Бредли купер, ја потврдила свршувачката со Кристијан Карин со кого е во врска од минатата година.
На настаните на магазинот „Elle“ – „Жените во Холивуд“ и била доделена награда после што одржала емотивен говор и се расплакала.
„Им благодарам на сите кои ги сакам. Благодарам на мојот менаџер Боби, на мојот свршеник Кристијан…Оние кои се тука секој ден за мене и се грижат за мене и на тоа големо благодарам“ рекла разнежнетата Гага.
Таа се осврнала и на правата на жените и нивната улога во Холивуд каде и понатаму ги гледаат како објекти:„После испробувањето на повеќе од десеттина фустани, со тажно чувство во срцето дека единствено ќе биде важно она што сум го носела на црвениот тепих, го видов оверсајз костумот на Марк Џејкобс како стои во аголот на орманот. Во него се чувствувам токму како јас“ рекла пејачката.
„Како жена која минувала низ сексуално злоставување од лице кое беше дел од индустријата, од лице за кое и понатаму не сум доволно храбра да го изговорам името, одлучив да ја вратам силата во моите раце. Денес јас носам панталони“ рекла пејачката и глумица со солзи во очите.
Поддршка и дала и пејачката Џенифер Лопез која воедно и и’ ја врачила наградата на бината, а потоа и преку Инстаграм и честитала со емотивна порака:„Жени кои поддржуваат жени. Каква инспиративна вечер. Го обожувам овој момент кога на прекрасната Лејди Гага и ја врачив наградата“, напишала Џеј Ло.