(ФОТО) Борбата продолжува: Ангелина и Бред, поради старателството, одат на психијатриски проценки!

Некогаш најсјајниот холивудски пар веќе две години се бори околу старателството над своите шест деца…
Ангелина Џоли и Бред Пит сите други ставки околу разводот ги решиле релативно брзо – околу поделбата на недвижнините и останатиот имот се договориле без проблем. Но, старателството е чувствително прашање.


Бред после разводот отишол на лекување од алкохолизам, а имал проблеми и со конзумирање на марихуана (со години), со што наводно престанал. Тој сега барал заедничко старателство додека Ангелина сакала да има поголеми права од него.
Моментално судот на психијатарот Стен Катз му доделил задача да го процени бившиот пар и да одреди колку се двајцата способни и подготвени за старателство. Тоа значи дека ќе бидат изложени на неговите посети и дека на основа на неговата детална авалуација судот ќе одлучи како ќе го подели старателството и обврските на родителите.


Џоли неодамна ја променила адвокатката, а изјавила дека се фокусирала нејзиното семејство да ги преброди сите проблеми кои ги имале.
Бред има проблем со тоа што таа децата ги носи со себе насекаде низ светот, и би сакал повеќе време да минуваат со него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …