(ВИДЕО+ФОТО) „Еден на Еден“ во недела:„Некст Тајм“ за нападот со палки, а Сара Мејс зборува за плодните денови

Сара Мејс и момците од „Некст Тајм“, Стефан и Мартин се гости во најновото издание на „Еден на Еден“. Ве очекува многу забава, смеење и пеење во најгледаното ток-шоу во Македонија.
Момците од „Некст Тајм“ раскажуваат како во почетоците на нивните кариери биле нападнати од нервозни „батки“ со палки, зборуваат за успешните проекти, додека пак Сара споделува искуства од нејзиниот брачен живот, за кој вели дека се’ е исто, освен што сопругот мора да внимава за време на плодните денови.


Но, ова е само мал дел од она што ќе имате прилика да го гледате…
Се разбира, друштво на Жаре му прави и стенд-ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој ќе ве насмее до солзи.
За тоа, оваа недела во 18:50 часот на „Канал 5“ телевизија…
Погледнете ја најавата:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …