(ФОТО) Кој требало да ја глуми Кери Бредшо наместо Сара Џесика Паркер ?

Славната серија „Сексот и градот“ со причина носи култен статус, а Сара Џесика Паркер статус на модна икона. Но, многу малку недостасувало улогата на Кери Бредшо да и припадне на друга глумица.
Тешко е сега да се замисли било која друга глумица освен Сара Џесика Паркер во улогата на Кери Бредшо, но токму тоа скоро и се случило во 1998. година.
„Малку недостасуваше улогата на Кери Бредшо да и припадне на една друга глумица, а не на Сара Џесика Паркер“ вели авторот Дарен Стар.
Имено, пред самиот почеток на снимањето на „Сексот и градот“, творецот Дарен Стар сеуште ја немал пополнето главната улога. Но, во едно интервју открил дека тогаш имал резерва во случај Сара Џесика Паркер да ја одбие неговата понуда.
Таа резерва била глумицата Лиса Еделстајн која дури и’ потпишала договор за улогата на Кери Бредшо, но се’ зависело дали Паркер ќе се согласи или не.
На крај, Паркер сепак станала Бредшо, а Еделстајн признала дека не ја гледала серијата бидејќи губењето на улогата тешко и паднало.
Лиса, подоцна,остварила голем успех во серијата „Др. Хаус“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Годишен концерт на Културно уметничкото друштво Таше Милошевски

Во Спортската сала во Ресен, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе може да уживате …