(ВИДЕО) Филхармоничарите со црвени ленти и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат”

Музичарите од оркестарот на Македонската филхармонија и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат” носеа црвени ленти во форма на музички снижувалки поради штетната одлука која ја донесе Министерството за култура.

– Нашиот протест продолжува се до конечната промена на оваа одлука. Ви благодариме на разбирањето и поддршката – истакна концерт мајсторот Владимир Костов, пред почетокот на концертот.


Во средата, вработените во Македонската филхармонија протесираа и пред Министерството за култура. И дадоа црвен картон на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која, се уште не го реши проблемот со просторното сместување на втора институција во концертната сала на Филхармонија.

Наместо грижа и конструктивност при решавање на проблемот, нашата институција е „нападната” од инспекции и има блокирана сметка.


Оркестарот на Македонската филхармонија утре заминува за Ниш, каде што в недела ќе настапи во рамки на фестивалот “Музички едикт”.

Со почит,


СО Македонска филхармонија при СКРМ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …