(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО – СКАНДАЛ НА СВАДБА: Девојка упаднала, па го разоткрила младоженецот, невестата почнала да плаче, а неговата ОДБРАНА е БИЗАРНА!

На социјалната мрежа TikTok кружи видео од свадба која завршила неславно.
Станува збор за клип од шоуто „Cheaters“ што во превод значи „Прељубници“, а главни актери се измамената девојка, измамената невеста и младоженецот, кој седел на две столчиња.
Имено, за време на свадбениот чин, на церемонијата се појавила разбеснета девојка која пред младенците и гостите тврдела дека со младоженецот излегува една година, додека тој тврдел дека не ја познава.

This image has an empty alt attribute; its file name is skandal-na-vencavka-1.jpg


– Тој ми е дечко веќе една година – викала бесната девојка, додека сите присутни биле шокирани.
– Не знам која е таа – одговорил младоженецот.

@cheaters.tv.show ruin your boyfriend’s wedding #cheater #cheaters #fyp #foryou ♬ nhạc nền – 𝓬𝓱𝓮𝓪𝓽𝓮𝓻𝓼 💔💔


– Не знаеш кој сум јас?! Не знаеш кој сум јас?! – повторувала девојката која упаднала на свадбата, додека очајната невеста почнала да плаче.
Девојката која упаднала на свадбата и тврдела дека е една година во врска со младоженецот не дошла неподготвена. Всушност, таа ги понела нивните фотографии како доказ за нивната романса.
Додека невестата плачела, а девојката викала, младоженецот ја замолил да ја напушти свадбата, што таа го одбила.

This image has an empty alt attribute; its file name is skandal-na-svadba-2.jpg


– Не сакам да си одам, бидејќи тој сите ги лаже. Ме лаже мене, неа, ги лаже сите – викала девојката.
– Се трудам да те спасам, бидејќи те лаже цело време. Мене ме лаже веќе една година. Фотографиите се од пред два месеца – ѝ рекла девојката на невестата, додека младоженецот тврдел дека тоа се стари фотографии.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …