(ФОТО) ПОСЛЕ 23 ГОДИНИ ЖИВОТОТ ПОВТОРНО ГИ СПОИЛ: Се сакале и кога биле во брак со други луѓе

Се обиделе уште еднаш, не знаејќи каде тоа ќе ги одведе
Грејс Миљакио (61) и Џон Херон (60) првпат се сретнале на забава во 1984 година, само неколку дена пред тој да се врати во родната Австралија. Сега тие ја споделуваат својата романтична љубовна приказна со „CNN Travel“.
Грејс била во раните 20-ти години и штотуку дипломирала на колеџ. За да биде што подолго со девојката, во која потоа се заљубил, Џон го продолжил престојот во Америка колку што можел, но бил принуден да се врати кога му истекла визата.
На почетокот, тие успеале да ја одржат својата врска на далечина со пишување писма еден на друг – затоа што ова беше единствената опција во 80-тите. Бидејќи им требале неколку недели за да стигнат писмата, бидејќи ги разделувал океанот, тие се мачеле да ја одржат својата врска.

This image has an empty alt attribute; its file name is grejs-i-dzon-1.jpg


Колку била силна младешката љубов покажува и фактот што Грејс ја потрошила целата своја заштеда за да купи авионски билет од родниот Вашингтон до Австралија, каде што живеел Џон. Сепак, нејзините напори набрзо биле разнишани со телефонски повик. Кога Грејс му се јавила на Џон да го праша дали треба да дојде, барајќи да биде сигурна во нејзината одлука, тој ноншалантно одговорил „ако сакаш“. После тоа, Грејс почнала да се плаши дека ќе згреши. Таа никогаш не отишла на тој лет.
Пријателите на Џон инсистирале дека после ова ќе запознае некој нов, но тој длабоко во себе знаел дека изгубил нешто посебно. Нивната врска завршила кога тој и се јавил по неколку дена.
Грејс се согласила дека треба да се гледаат и со други луѓе, но инсистирала на тоа дека „не треба да се венчаат за никој друг“.
-Никогаш нема да сакаме некој друг, онака како што се сакаме, објаснила таа во интервјуто.

This image has an empty alt attribute; its file name is grejs-i-dzon-2.jpg


Грејс вели дека се чувствувала очајна после сè, „но се обидела да продолжи со својот живот“. Парите што ги оставила за патувањето во Австралија ги искористила за да купи автомобил, внимавајќи да не се предомисли.

Поминале месеци, а потоа години. Но, тие никогаш не заборавиле еден на друг.
– Се јавував понекогаш, рекол Џон, една година се јавив, но таа се омажила. Потоа повторно се јавив, а нејзините родители починале.
Тој продолжил да се јавува периодично, дури и кога повеќе го немал нејзиниот број. Тој еднаш отишол толку далеку што повика меѓународен именик во САД за да ја пронајде.
По некое време, Џон се оженил и двајцата добиле деца со своите сопружници. И’ покрај сè, Грејс сепак ги чувала сите негови писма.
Во јануари 2007 година, тој случајно го повикал бројот на Грејс откако се развел од неговата прва сопруга. На негово изненадување, Грејс исто така неодамна се разделила од нејзиниот сопруг. Џон ја прашал својата стара љубов дали таа би била расположена да се слушнат некогаш преку видео повик.
Откако сè било технички средено, Грејс и Џон можеле да се видат, за прв пат по 22 години, преку камера. По надминувањето на првичната непријатност, зачестиле повиците и видео разговорите. Конечно, Џон предложил да оди во Америка за да можат повторно да се обединат во живо.
Во март 2008 година, по првата средба по долга серија години, тие повторно се сретнале. Иако не биле сигурни што им носи иднината, Грејс го посетила Џон во Австралија неколку месеци подоцна.


„Немаше можно сценарио во кое би можеле да замислиме дека можеме да завршиме заедно, 12,5 илјади милји оддалечени и поминати 23 години“, изјавила Грејс за „DailyMail“.
Со оглед на тоа дека и двајцата имале кариери и деца на различни континенти, не знаеле како да се справат да бидат заедно. Џон беше тој што конечно пресекол и решил да се пресели на другиот крај на светот, оставајќи ги децата и семејството зад себе, за да можат да бидат заедно.
Тие се венчале 8 дена откако неговиот развод бил финализиран.

This image has an empty alt attribute; its file name is grejs-i-dzon-3.png

– Тоа го направивме покрај реката, во гратчето каде што живееме. Градоначалникот не венча, иако бевме само ние двајца и двајца пријатели, беше романтично, како да сме се венчале во Вестминстерската катедрала, се сеќава таа.
После тоа сите деца ги однеле на заеднички одмор.
Многу од нивните пријатели велат дека нивната приказна наликува на бајка со среќен крај, но Грејс наведува дека тешкотиите што ги доживеале во првите години биле вистинско испитување и дека само тие би биле доволни за книга.
Кога ги прашале каков совет би можеле да му дадат на некој што изгубил голема љубов, и двајцата се согласиле дека „вреди да се ризикува“ за да дознаат дали другата личност се чувствува исто.


„Верувајте дека ќе завршите таму каде што припаѓате, без разлика на вашите грешки, лоша проценка или незрелост. Знајте дека никогаш не е доцна да откриете каде, како и со кого припаѓате“, заклучиле тие.

Фото: Принтскрин/Facebook/Grace Migliaccio

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …