(ВИДЕО) Добар Самаријан на бездомник му ја дал својата кредитна картичка со пин: Гестот на несреќниот човек го изненадил!

Веќе пишувавме за богаташи кои маскирани се обидуваат да им помогнат на бездомнци, но гестот на овој Британец е навистина за восхит…
Тој на бездомник му дал кредитна картичка со пин, а сето тоа го документирал со снимка, на која се гледа младиот човек како седи во градината на едно кафуле навечер.
Му се доближува човек со брада во тренерки и после кус разговор, младото момче му покажува дека сè е во ред.
Според коментарите на Фејсбук, бездомникот Кевин му дава парче хартија и го изговара зборот „потврда“.


Момчето ја зема потврдата, а брадестиот човек му покажува банкнота од 20. фунти и потоа се ракуваат.
Видеото е објавено вчера и веќе има 115.000 прегледи. Во описот е наведено дека гостинот му ја дал на бездомникот платежната картичка со пинот и му рекол да земе пари за себе.

Извор:Daily mail


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …