(ВИДЕО) ДИСКРИМИНАЦИЈА – ТИНЕЈЏЕР (17) ОД КАЛИФОРНИЈА ПОЧИНАЛ ОД КОРОНА: Болницата одбила да го лекува бидејќи немал здравствено осигурување!

На тинејџер (17), кој починал од вирусот корона во болница во Калифорнија, САД, не му било дозволено да се лекува затоа што немал здравствено осигурување, пренесува Independent.
Ова го изјавил градоначалникот на градот Ланкастер, Калифорнија, Р. Рекс Париз. Во видеото со кое се потврдува смртта на тинејџерот, тој ги предупредил жителите сериозно да ја сфатат глобалната пандемија. Тој, исто така, ги советувал да применат мерки за самоизолираност и социјална оддалеченост.
„Тој беше здрав во петокот, а тој почина во средата“, истакнал градоначалникот.


Тој изјавил дека момчето немало осигурување, па затоа не бил лекуван кога пристигнал во ургентниот центар. Медицинскиот персонал му рекол на момчето да оди во локалната јавна болница.
„Кога едно дете ќе дојде во респираторна болка, го стабилизирате и му помагате. Не барате осигурување“, рекол Париз. Тој додал дека не бил свесен за какви било здравствени проблеми што можеби ги имал тинејџерот.
„Тој имаше срцев удар на патот кон болницата. Иако го оживеаа, до моментот кога стаса во болницата, веќе беше доцна“, рекол Париз.


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …