(ВИДЕО) Џенифер Лопез во најавата за трејлерот за новиот филм „Hustlers“ покажува како се игра околу шипка!

Популарната пејачка и глумица одлучи на своите фанови, и светот, да им покаже два инсерти од нејзиниот нов филм „Hustlers“ во кој игра стриптизерка…
Во филмот „Hustlers“, главната улога ја има Џенифер Лопез, а тој се базира на сторијата „The hustlers at Scores“, за група поранешни стриптизерки кои ги измамувале клиентите од Вол Стрит.
На славната актерка и пејачка, друштво на големото платно ѝ прави раперката Карди Би, која неодамна на својот Инстаграм профил шокираше со стајлингот од филмот.


View this post on Instagram

Diamond likes to wear @fenty lingerie #HUSTLERS


A post shared by MOSTHATEDCARDI (@iamcardib) on


Сега Џеј Ло на сите им ја пробудила фантазијата и објавила тизер од трејлерот во кој гледаме дека вредело вежбањето на танц околу шипка…
Впрочем, погледнете сами и проценете:

Инаку, првиот официјален трејлер од филмот, како што најавува Џенифер Лопез ќе се појави на 17. јули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава No Exit

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура ,,Димитар Влахов” во Автокоманда, премиерно …