(ВИДЕО) Џенифер без шминка, фановите се воодушевени: Старее како вино, со годините е се’ поубава и поатрактивна

Џенифер Лопез сподели видео на својот Инстаграм профил и ги откри своите тајни за убавина.
Таа без двоумење го покажа своето лице без грам шминка, со врзана коса во видлива пунџа. Оваа позната пејачка изјави дека своето лице го негува со креми кои штитат од сончевите зраци, со добро чистење на лицето и со спиење.

This image has an empty alt attribute; its file name is jenifer-lopez.jpg


Таа ги откри и афирмациите што ги „користи“: „Секогаш сум во совршено здравје. Моето семејство е секогаш во совршено здравје. Јас сум млада и безвременска на секоја возраст. Мојот живот е полн со изобилство, радост и љубов“.
Негата на кожата е, како што вели, многу едноставна: „Има средство за чистење, крема за сончање, обична крема, се основно“.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Во видеото таа користи производи од својата линија за нега на тело и кожа, а вели дека нејзината мајка, тетките и бабата имале „луди тајни за убавина“ и користеле маслиново масло за нега, но и ставање мајонез во косата.
На ова видео не изостанале коментари, а многумина ја пофалијле дека изгледа прекрасно за педесет години, дека е убава и дека старее како вино.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …