(ФОТО) Витаминка го започна ноговодишното дарување: Донација за децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и во Битола

Децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола добија предновогодишно изненадување од Витаминка.Новогодишните пакетчиња беа доставени во просториите на Заводот во Скопје и во Битола, каде дополнително ја збогатија празничната атмосфера. Од компанијата велат дека новогодишните празници се најголема радост за децата и затоа секое дете треба да ги почувствува оваа радост и задоволство.

This image has an empty alt attribute; its file name is paketcinja-1.jpeg


„Донацијата на новогодишни пакетчиња во Витаминка стана традиција којашто секоја година ја спроведуваме со посебен фокус на децата од социјален ризик или децата со посебни потреби. Ова произлегува од нашата политика како општествено одговорна компанија да помогнеме онаму кај што е најпотребно и да придонесеме за секое дете да го почувствува задоволството и радоста на новогодишното дарување. Затоа со нашите донации се трудиме да опфатиме што повеќе децата и од целата држава“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка

This image has an empty alt attribute; its file name is paketcinja-za-deca-rotated-e1671716812982.jpeg


Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје се згрижени 80 деца, додека пак во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, 35 деца. Во овие две здравствени установи се третираат пречките во говорот, слухот и гласот кај децата од целата држава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него

Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез …