(ВИДЕО) Девојка опишала како изгледа СОСТАНОК кога си РАЗВЕДЕНА МАЈКА: Мажите ме посрамуваат…

Кога Сара Хени за прв пат споделила негативно искуство од Тиндер на својот TikTok, кога маж ја навредувал поради нејзиниот изглед на телото, мислела дека тоа е уникатен случај…
Нејзиното видео за кратко време стана вирално, а потоа сфатила дека не е сама. Има многу жени, разведени мајки како неа, кои споделуваат слично искуство.
Таа во видеото ги покажала пораките кои ги добивала од мажите со кои се допишувала. Еден дури и ја откажал средбата, откако видел како изгледа нејзиното тело по породувањето.
Споделила и пораки од друг маж со многу несоодветна содржина.
„Ти си вообразена кучка која глуми жртва“, напишал тој, а Сара потоа престанала да одговара на други навреди.
Тешките зборови продолжиле преку „Снепчет’. Маж во неколку наврати ја нарекувал со погрдни имиња, а следниот ден и се обратил со „Добро утро Сара“.
Сара вели дека овој човек ја опсипувал со лажна љубов. Меѓутоа, Сара навреме ги препознала знаците.
„Откако ја споделив мојата приказна на TikTok, веднаш ме контактираа три жени со исто искуство со ист маж“, рекла Сара.

@charliesmom_gotitgoingon Каде мажите ја наоѓаат смелоста😂 #зелен екран #DatingFail <atitle=”bodypositivity”target=”_blank”href=”https: www.tiktok.com=”” tag=”” bodypositivity”=””> # бодипозитивност <atitle=”dating”target=”_blank”href=”https: www.tiktok.com=”” tag=”” dating”=””> #Запознавање #IloveMe # datingafterdivorce ♬ оригинален звук – маисичен
</atitle=”dating”target=”_blank”href=”https:></atitle=”bodypositivity”target=”_blank”href=”https:>


Таа е среќна денес и се чувствува удобно во сопствената кожа. Таа признава дека не се чувствувала секогаш така и дека и било тешко да живее со тој срам, дека е разведена жена и мајка со „несовршено тело“.
Кога се развела од сопругот, пред ќерка и да наполни една година, Сара сакала што поскоро да започне врска. После се што и се случило во бракот, таа сакала повторно да се чувствува добро и убаво. Но, тогаш таа воопшто немала самодоверба и била многу несигурна.
„Понекогаш овие реакции на мажите би ме однеле директно во пеколот на диетите, претераното вежбање и депресијата“, објаснила Сара и додала дека секој збор има тежина што може да доведе некого до работ.
„Тоа може да се случи. Излегувањето со мажи, бидејќи сум мајка, ми е многу важно како важен дел од грижата за себе. Излегувањето на љубовни состаноци ми овозможи да си го вратам делот од себе за кој мислев дека е засекогаш изгубен“, изјавила Сара и додала:
„Бременоста и детето го променија телото, умот и душата на позитивен, но и негативен начин. Добивањето љубов од другите е основна човечка потреба. Луѓето мислат дека жените го губат тоа кога ќе станат мајки, дека им е доволно да бидат мајки, но тоа е лудост“, вели Сара.



Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …