Една од најубавите актерки во светот, Џесика Алба, е во брак со продуцентот Кеш Ворен веќе 13. години и имаат три деца.
Парот важи за еден од најскладните во светот на шоу-бизнисот, а Џесика секогаш со многу љубов зборува за Кеш:
View this post on Instagram
„Сè уште сме вљубени еден во друг. Со текот на времето научивме како да комуницираме и да ги решаваме несогласувањата пред дебатата да прерасне во нешто поголемо. Ние сме пред се најдобри пријатели и многу се почитуваме“, изјавила таа за странските медиуми.
Тие неодамна биле фотографирани со децата како уживаат на плажите во Мексико, а мораме да признаеме дека Џесика навистина изгледа прекрасно во пресрет на нејзиниот 41. роденден.
Фото: Агенции