(ВИДЕО) Девојче (6) го спасила целото семејство од пожар – сите спиеле!

Семејството Карлбон се наоѓало во длабок сон во нивниот дом во Њу Џерси кога нивните животи се смениле за само неколку застрашувачки моменти.
Џими, таткото и неговите две деца, Хантер (2) и Маделин (6), спиеле горе. Нивната мајка заспала на софата.
Околу 2 часот наутро, Маделин се разбудила бидејќи почувствувала дека очите и грлото ја печат. Потоа таа го слушнала звукот на аларм за пожар.
Само таа го слушнала алармот. Во тие моменти, горниот кат веќе бил полн со чад и таа не можела да види речиси ништо.
Пожарот, наводно, започнал од шпоретот на кујната додека семејството спиело.
Карбони изгубиле скоро се што имаат и домот изгорел толку многу што веќе не можеле да живеат во него.
Фала му на Бога, само три месеци пред овој ужасен настан, Маделин на училиште учела како да се однесува во случај на пожар. Таа лекција и овозможила да го заштити семејството и да ги предупреди за пожарот што можел да им ги однесе животите.
Браво, Маделин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …