КРАЛОТ ЧАРЛС и принцот Вилијам споделија емотивен момент за време на церемонијата на крунисување кога Вилијам му вети верност на монархот на свечена церемонија.
„Јас, Вилијам, принцот од Велс, ви се колнам на мојата верност, вера и вистина да ви ги дадам како ваш главен човек на животот и телото. Затоа помогни ми Боже“, рекол тој, а потоа станал и го бакнал својот татко во образ.
𝐇𝐨𝐦𝐚𝐠𝐞 𝐟𝐫𝐨𝐦 𝐓𝐡𝐞 𝐏𝐫𝐢𝐧𝐜𝐞 𝐨𝐟 𝐖𝐚𝐥𝐞𝐬
The King receives ‘Homage’ (a promise of allegiance and faithfulness), from The Prince of Wales on behalf of The Royal Family. #Coronation pic.twitter.com/VRZJx7XZDd
— The Royal Family (@RoyalFamily) May 6, 2023
Читач на усни за „Express“ открил што му рекол Чарлс на Вилијам за време на емотивниот момент за двајцата и тврди дека кралот му рекол три збора на својот син: „Ти благодарам, Вилијам“.
Кралот бил совладан од емоции
Експертот за говор на телото Дарен Стентон објаснил дека верувал дека кралот бил совладан од емоции во тоа време.
„Кога Чарлс го погледна Вилијам, можеше да се види дека станува емотивен. Исто така, можеше да се види како неговите образи почнаа да поцрвенуваат, што укажува на емотивна промена“, рекол тој.
„Овој момент очигледно му значеше многу, неговиот говор на телото сугерира дека бил совладан со чувство на огромна гордост“, нагласил тој, објаснувајќи дека токму поради тоа Чарлс изгледал толку сериозно за време на заклетвата на Вилијам.
Хари ги гледал од третиот ред
Да потсетиме дека принцот Хари од третиот ред го гледал емотивниот момент меѓу Чарлс и Вилијам, а експерт за говор на телото тврди дека Хари ја подигнал главата за да го гледа тој дел од церемонијата.
Фото: Принтскрин/Twitter