(ВИДЕО) Натпреварувач ги воодушевил гледачите на британското талент шоу: „Тој е новата Сузан Бојл“

ГЛЕДАЧИТЕ на Britain’s Got Talent веруваат дека ја откриле „новата Сузан Бојл“ по емотивната аудиција на пејач чиј настап ги воодушеви судиите.
Во далечната 2009 година, необична ѕвезда по име Сузан Бојл излезе на сцената на „Британија има талент“ и отпеа незаборавна изведба на „I Dreamed a Dream“ од мјузиклот Les Miserables. Таа веднаш ги освои срцата на нацијата, а сега гледачите на популарното шоу за таленти веруваат дека биле сведоци на „новата Сузан Бојл“ на дело.
22-годишниот Тревис Џорџ од Јужен Велс излезе на сцената и ја воодушеви публиката со емотивната изведба на песната „Ѕвезди“ од споменатиот мјузикл, која му донесе „4000 да“ од судиите Сајмон Кауел, Аманда Холден, Алиша Диксон и Бруно Тониоли. По неверојатната изведба, публиката му даде на Џорџ овации и го спореди со второпласираната во третата сезона, Сузан Бојл.


„Тој е суперѕвезда“
„О, боже!Од Тревис се наежив, тоа е како повторно да сведочам на Пол Потс и Сузан Бојл, апсолутно е извореден и тој е суперѕвезда. Најдобар момент е кога не нае колку е голем. Ми се допадна“, го коментирал на Твитер еден гледач неговиот настап.
“Уште еден момент на Сузан Бојл на Britain’s Got Talent. Овој човек има неверојатен глас. Совршена изведба на песна од Les Miserables. Овој човек ќе пее во Вест Енд многу, многу наскоро”, додал друг.
Сепак, некои гледачи на шоуто открија дека неодамнешното појавување на Џорџ во „Britain’s Got Talent“ не е негово прво појавување во јавноста. Излегува дека Џорџ е драмски актер кој веќе се појавил во британската медицинска серија Casualty.
„Дали некој друг забележа дека Тревис Џорџ беше во 8-та епизода од 37 сезона? Тој го играше Луис Марш. Апсолутно брилијантен глас“, забележал еден од гледачите на серијата.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …