(ВИДЕО) БИЗАРЕН МОМЕНТ ПОМЕЃУ МЕЛАНИЈА И ТРАМП КРЕНАЛ ГОЛЕМА ПРАШИНА:„Меланија дали си добро?“

Камерите повторно забележаа необичен момент помеѓу Меланија и Доналд Трамп по последната претседателска дебата.
Меланија и Доналд се држеле за раце и мавтале од бината, но кога заминале, корисниците на социјалните мрежи забележале дека Меланија ја тргнала раката, а Доналд Трамп во еден момент ја турнал.


„Меланија повторно ја оттргна раката“, „Ја повлече нејзината рака, и тој ја турна“, „Па, тој делува насилно овде“, „Фактот што таа дури не ни погледна назад кон неговото туркање, покажува дека таа се навикнала на такво однесување од него”,„Меланија, дали си добро?” пишувале твитерџиите откако се појавило видеото.


Инаку, Меланија за првпат беше видена во јавноста на денот на последната дебата откако го надмина ковид-19.

За разлика од неа, Џил Бајден, сопругата на Џозеф Бајден, се одлучила за малку повпечатлив фустан со цветни мотиви. И’ двете заштитните маски ги ускладиле со дезените и боите на фустаните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …