(ВИДЕО) СТУДЕНТИ СНИМЕНИ КАКО СКОКААТ НИЗ ПРОЗОРЕЦ ОД 12 МЕТРИ: Полицијата растурила корона забава па настанал ХАОС!

Студенти на Универзитетот Салфорд во Англија биле снимени како скокаат низ прозорците од првиот кат со цел да и избегаат на полицијата која влегла на корона забава.
Може да се види како студентите си помагаат еден на друг на висина од 12 метри.
Портпарол на Универзитетот во Салфорд изјавил дека тие се „свесни“ за проблемот и дека „се преземаат мерки“.
Тој додал дека Универзитетот сериозно ја сфаќа оваа работа и им порачал на студентите дека ги потсетува на одговорностите и импликациите доколку нивното однесување не е во согласност со сегашните ограничувања и упатства.


Да потсетиме, Велика Британија е поделена на зони во зависност од инфекцијата со коронавирус, така што на граѓаните од зоната 2 им е забрането да се гледаат со луѓе кои не се членови на нивното домаќинство.
Исто така, не е дозволено да се собираат повеќе од 6. лица.
Салфорд припаѓа на таа зона и илјадници студенти останале заробени низ кампусот.
„Немаше обезбедување и беше лудо откако воведоа ‘локдаун’. Сите се измешаа, без разлика дали имаат корона”, рекла студентката Фиби од Метрополитен универзитетот, каде досега се идентификувани 127. случаи на инфекција.
Вчера во Велика Британија се пријавени нови 20.530 случаи на коронавирус, а уште 224 лица починале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …