(ВИДЕО) „Андерфест 4“ урива рекорди: Фестивал за млади бендови кој младите го обожуваат!

Последното издание на „Андерфест“ се чини покажа дека фестивалот се надмина себе и дека му треба поголем простор. Планирате ли нешто на тој план?
– Од година во година настанот бележи се поголема посетеност но особено оваа година „Беертија Паб“ беше претесен да ги собере сите оние кои дојдоа да уживаат во „Андерфест“. Токму поради ова планираме јубилејното петто издание да се одржи во поголем и посоодветен простор односно во простор каков што заслужува еден ваков фестивал.


Од фотографиите и видеата од годинешното издание може да се заклучи (реално) дека максимално вложувате во техниката – звукот е одличен (макар и на снимка, што е уште поголем комплимент), бендовите подготвени за големиот настап…
– Секогаш се трудиме и сакаме се да биде во одличен ред, од беклајнот до звукот со цел публиката и самите изведувачи да уживаат во настанот и да се претстават во што подобро светло. Мора да истакнеме дека сите изведувачи беа максимално професионални, спремни и во одлично светло се претставија пред публиката.

Неодминлив е фактот дека публиката била воодушевена од младите бендови, но голем број остана и пред објектот беше претесен да ги собере сите оние кои дојдоа да уживаат во „Андерфест“….
– Атмосферата беше навистина одлична, публиката во еден глас ги пееше песните на своите миленици а „Беертија Паб“ беше претесна да ги собере сите оние кои дојдоа да го следат овогодинешното издание на Андерфест.


This image has an empty alt attribute; its file name is publika-ceka-nadvor.jpg

Дали е можеби време да се размислува фестивалот да трае два дена со оглед на тоа што има многу млади и квалитетни бендови кои сакаат да настапат, но една вечер како да не пружа доволно простор за секој од нив?
– Навистина се трудиме да дадеме шанса за настап на што повеќе изведувачи. Со оглед на интересот за настап фестивалот би можел да трае и повеќе од два дена но сепак засега ќе останеме на концептот да биде еднодневен фестивал а ветуваме дека сите ќе добијат шанса да настапат на некое од наредните изданија бидејќи во една вечер сме ограничени и не можеме да овозможиме настап на повеќе од 5-6 бендови.


Г.О.
Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …