(ВИДЕО) „Андерфест 4“ урива рекорди: Фестивал за млади бендови кој младите го обожуваат!

Некако ни стана нормално кога станува збор за фестивал во преден план да се организаторите, нивните имиња, нивните активности, па колку напорно работеле….и да не набројуваме…но „Андерфест“ покрај тоа што внесе многу иновации на македонската музичка сцена се разликува и по тој сегмент.

This image has an empty alt attribute; its file name is bojan-za-anderfest.jpg
Со години сакавме да откриеме кој стои зад овој фестивал но успевавме само да дознаеме дека станува збор за ентузијасти и вљубеници во музиката, на кои примарен им е фестивалот и младите бендови. Се’ до оваа годиа, после 4. издание на фестивалот кога Бојан Трпески ни одговори на неколку прашања…


Кои беа амбициите кога пред 4 години го планиравте „Андерфест“?
– Амбициите ни беа да создадеме еден фестивал кој ќе биде поинаков, кој ќе го цени креативниот труд и ќе им биде близок на сите „потценети”сите прогресивни и авангардни млади луѓе и изведувачи. Да им отстапиме простор на сите оние кои преку музиката имаат што да кажат и да им овозможиме да ја пренесат својата порака на публиката. Исто така од самиот почеток Андерфест го замислувавме како фестивал што ќе трае односно ќе биде традиционален и еве четири години подоцна таа замисла се остварува и веќе започнуваме со подготовките за јубилејното петто издание

Факт е дека од година во година фестивалот е се попопуларен меѓу младите бендови. На што се должи тоа?
– Тоа се должи пред се на доследноста на „Андерфест“ во својата примарна цел, а тоа е да биде фестивал кој дава шанса за настап и промоција на сите млади изведувачи со што ги мотивираме да продолжат да творат бидејќи знаат дека ќе бидат слушнати и видени преку Андерфест.



По непрофесионалното откажување на настапот на Андреа имавте многу барања од младите бендови за настапи?
– Точно така, по нејзиното откажување имавме огромен број на барања за настап.„Андерфест“ е фестивал кој не сака „звезди” и почитува посветеност, принципи и вредности. Почитува напорна работа и целодневни проби за да се дојде до совршенство. Пресреќни сме што Yon Idy, Вселенаутика, Манас, Преку Ред и Димиш со своите настапи успеаа да го потврдат тоа, што најдобро се гледа по тоа како беа прифатени од публиката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …