(ВИДЕО) Адел расплакана: „Дали некој друг на моја возраст почнува да се разболува од вакви работи?“

34-годишната пејачка и кажала на публиката Сан Сити дека нејзиниот L5 пршлен, последниот дел од лумбалниот ‘рбет,чија повреди може да предизвика вкочанетост и слабост во нејзините нозе, се „распаднал“ и дека има „навистина тежок ишијас “ на нејзината лева страна.
По овој краток вовед, пејачката ја праша својата публика следново:
„Дали некој друг на моја возраст почнува да се разболува со ваква работа?“
Адел се расплака минатиот месец откако на еден од нејзините концерти виде маж со слика од неговата покојна сопруга.
Откако ја видела фотографијата одблиску, Адел се обидела да ја продолжи изведбата на „Someone Like You“, едвај задржувајќи ги солзите.
„Кога шетам низ навалици и гужви, би сакала да го видите она што можам да го видам. Насекаде околу нас се мали приказни за големи луѓе, кои не само што се потресни, туку и убави“.
Во декември, Адел на публиката и кажала дека одела на терапија „пет пати на ден“ откако се разделила од нејзиниот сопруг.
Таа искрено на своите фанови им открила дека повторно оди кај советник бидејќи престанала да „се смета за одговорна“ и сакала да биде во топ форма за се што допрва следи.

@adeleaccess A very special moment from Adele’s concert this past Friday ♥️ #adele #weekendswithadele #adelevegas #adelelive #someonelikeyou #whenwewereyoung ♬ Someone Like You – Adele


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …