(ВИДЕО) 14. ПАТИ ОСВОИЛ ЏЕК ПОТ НА ЛОТО: Открил како победувал!

„Употребивме помеѓу 20 и 30 тони хартија“, раскажувал. Самото испраќање со брод чинело 60.000 долари. Од таму, Американецот, Ејнтли Алекс Јр, со кого Мандел се договорил, ги преземал и распределил по десетина свои службеници да ги уплаќаат по бензински пумпи и дуќани во Норфолк. Два дена операцијата се одвивала совршено. А, потоа, неколку часови пред истекувањето на рокот за уплатување, еден од дуќаните престанал да прима уплати. Излегло дека успеале да уплатат помеѓу шест и седум милиони ливчиња, па крај сепак останале на милост и немилост на веројатноста, огромно лото и нивна корист, но со оглед на вложеното…
„Имавме петмина луѓе кои го следеа извлекувањето“, рекол Алекс.
„Кога се појавила комбинацијата од 27. милиони долари, сите биле два метри во воздух!“


И, не само што ја освоиле главната добивка, туку добиле уште стотина помали добивки, вредни вкупно уште еден милион долари. На момент почнале да ги истражуваат од ФБИ и Австралиската комисија за сигурност. А и Лотаријата на Вирџинија се обидела да ја запре исплатата. Излегло дека тоа што го направиле во тоа време било крајно легално, иако денес баш и не е.
Директорот на лотаријата, Кен Торнсон, им се жалел на медиумите, го цитирал Томас Џеферсон, дека лотаријата е можност на обичен човек за мали пари да добие шанса да добие голема награда.
Кога се’ собрале и одземале, инвеститорите на Мандел не се збогатиле. Морале да платат даноци, десетици луѓе кои учествувале во операцијата и на крајот секој од 2.500 инвеститори кој вложил по 4.000 долари добил по 1.400 долари, чисти пари.
Само тој знаел
Мандел бил мозок на операцијата и како консултант си исплатил хонорар од 1,7 милиони долари. Наредните години во Гибралтар организирал сопствена лотарија и…извесно време минал во затвор, во Израел во 2016. година, кога го лоцирале и интервјуирале. Меѓутоа, бил во својата куќа на плажа во јужниот Пацифик, далеку од лотариската лудница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …