(ВИДЕО) 14. ПАТИ ОСВОИЛ ЏЕК ПОТ НА ЛОТО: Открил како победувал!

Бил мозок на операција, џекпотовите паѓале во неколку земји, а се вклучувале и инвеститори…
Стефан Мендел во 60. ттите кубурел, страдал и стравувал под режимот на Николај Чаушеску како и милиони други Романци кои „заглавиле“ во таа земја. Една работа која ја добил во тој режим е директна причина за неговото богатство. Се школувал за економист, испаднало дека добро ги разбира броевите,како еден од чудотворците кои ги разбираат на интуитивно ниво.
Во 80. ттите направил систем и го погодил главниот згодиток. До денес погодил 14. пати и не едно лице се сетило на него додека се очекува Пауербол од 750. милиони долари, четвртиот најголем во историјата на САД.
Се’ започнало уште одамна во Романија под комунистите кога пресметал дека ако купи лоз со одредени броеви, може да биде сигурен дека ќе ја добие најмалку втората добивка. Наговорил двајца пријатели и тие да вложат пари, бидејќи сепак било скапо да се купат толку лозови и…
„Освоивме 72.783 леи, што беше еднакво на 18. годишни плати“, рекол Мандел за Planet Money во 2016., а пренесува
Washington Post. И’, што направил? Ги искористил парите со сопругата и децата да избега од Романија и со време да се исели во Австралија. Таму својот систем уште и’ го усовршил. Се наоружал со компјутери, со се’ што било потребно и пресметал кои се комбинации можат да добијат за да биде сигурен дека ќе добие.
Му требале уште пари. Што значело уште инвеститори. Па ги нашол. И’ повторно успеал. Па тоа истото го направиле пак и пак… Низ 80. ттите главниот згодиток го погодил 12. пати и така ги присилил австралиските одговорни власти да ги променат правилата за да тој повеќе не го прави тоа што го правел.
Кога станува збор за него, се било ОК.
Тој имал доволно пари да се сврти кон лотото во Вирџинија, САД. Токму тоа лото бидејќи станувало збор за најмалку комбинации кои се вртеле од сите во САД.
Пресметал дека за уплата на комбинациите ќе му бидат потребни 7,1 милион долари. А, работата се покажала и крајно практична бидејќи можел сосема легално да ги принта и исполнува ливчињата дома. И’, повторно тргнал да собира пари од инвеститори, овојпат од нив неколку илјади, па кога си собрал тие 7,1 милион долари, застанал и чекал џекпотот доволно да порасне за да се’ заедно се исплати до одредена мерка.


Кога дошло време, три дена ги исполнувал сите потребни броеви од својот дом во Австралија. Било февруари 1992. година, кога џекпотот нараснал на 27. милиони долари, тој уплатил и погодил.
Во тоа време тоа биле огромни пари. Операцијата имала потреба од многу логистика. Изнајмил 30. компјутери и 12. ласерски принтери за да може да ги испринта ливчињата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …