ВИДЕА кои морате да го погледнете: Џенифер Лопез открила пикантни детали од снимањето на новиот филм во кој глуми стриптизерка

Џенифер Лопез во последно време со своето тело не престанува да ги излудува обожавателите.
Прво пред неколку дена ја затворила ревијата на славната дизајнерка Донатела Версачи така што само вшетала на пистата во новиот фустан на Версаче на што публиката не можела да остане рамнодушна. Како прво тоа било изненадување, а како второ по пистата одела полна со самодоверба покажувајќи го своето голо тело.

Сега покажала уште свое голо тело во две дополнителни видеа. На Инстаграм објавила кусо видео на кое открила како изгледало снимањето на нејзиниот нов филм „The Hustlers“, односно „Измамнички од Вол Стрит“, додека на Јутјуб се појавило видео на кое убавата глумица и пејачка открила како ја совладала вештината на танц на шипка, со оглед на тоа дека во филмот глуми стриптизерка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во „Арена …