Вечерва во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Буре барут“

Кинотеката во склоп на мајската програма ќе прикаже и ретроспектива на кратки македонски филмови на режисерите Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова, новиот документарен филм на Игор Иванов – „Време на бетон“. Исто така и „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Горан Паскаљевиќ, како и документарецот „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ.

Филмот БУРЕ БАРУТ е во режија на познатиот југословенски и српски режисер Горан Паскаљевиќ. Сценариото за филмот е адаптација на драмскиот текст на авторот Дејан Дуковски, кој од 1995 година е поставен на сцената на Југословенскиот Драмски Театар.


Филмот на Паскаљевиќ е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои се издвојуваат ФИПРЕСЦИ наградите на Европските филмски награди и на Венецискиот филмски фестивал, како и Бронзената Камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Проекцијата започнува во 20:00 часот.


На менито на Кинотека месецов се наоѓа и промоцијата на новиот филм потпишан од францускиот кинопровокатор Франсоа Озон – „Петер фон Кант“. Се работи за еден интересен, постмодерен осврт и своевиден римејк на делата потпишани и креирани од легендата на германскиот нов бран, Рајнер Вернер Фасбиндер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …