Вечер на македонски евергрини со Ненад Стефаноски

Утревечер во кафе-книжарницата Буква во Скопје, со почеток во 21:00 часот ќе се одржи вечер на македонски евергрини со нашиот познат музичар, уметник и фронтмен на познатата скопска група „Foolish Green“ Ненад Стефаноски.

Пред извесен период за жал изгубивме многу значајни легенди на македонската забавна и џез музика. Во чест на Љубомир Бранѓолица, Кире Костов, Александар Џамбазов, Нина Спирова, Љупка Димитровска, Зафир Хаџиманов, Јанко Узунов, Тодор Бојаџиев, Димитар Масевски како и прерано починатите Сашка Петковска, Драган Ѓаконовски Шпато, Веле Матевски, Андреј Сопронов и уште многу други маестрални музичари од македонското поднебје, ќе ја затвориме оваа сказна во неколку интересни поглавја.


Покрај “Една Сказна” 1 и 2, во пресрет е и третата која е составена од строго македонска музика создадена во минатиот век во 60тите, 70тите и 80тите години воглавно во студијата и просториите на Радио Телевизија Скопје.
Многумина пејачи, композитори, аранжери, свирачи, оркестри, ансамбли, биг бендови и разни состави од едно дамнешно време, се сместени во овие мали музички коктели.

Се надевам нема да замерите на квалитетот на звукот бидејќи микстејпот содржи разновидни формати, превземени од плочи, касети, мини демо касети, радио снимки, ленти, живи настапи, фестивалски снимки и дигитални конверзии(MP3,wav) кои пробав сонично да ги прочистам и еквилизирам во рамките на возможното. Многу од овие композиции се заборавени, неиздадени, изгубени или изедени од забот на времето, па затоа решив бар овие што ги имаме, да пробам да ги синхронизирам во една малку поинаква звучна димензија. Беше прилично тешко и макотрпно, се бараше доста време да се дојде до овие скапоцени содржини и се надевам ќе служат како инспирација за следните генерации а би било добро и физички да се издадат. Уживајте во македонската забавна и џез музика од она време, вели Ненад Стефаноски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …