Утре во Дом на Армија 25. издание на „Филиграни“: Јубилеј со нови филигрански ноти!

Утре во Домот на АРМ ќе се одржи 25. издание на фестивалот „Филиграни“, а организаторите традицијата ќе ја продолжат со нови песни но и слободен влез за сите љубители на македонската песна…
Интернационалниот фолк-фестивал „ФИЛИГРАНИ“, кој блесна уште од самиот старт во 1994. година и константно го одржа високиот рејтинг со промовирањето на новиот
музички жанр чалгиско-свадбарски песни кои се огласија со прекрасната ороводна мелоритмика бргу им прираснаа на срце на големиот број љубители на убавите македонски песни испеани од најпознати естрадни звезди.


Така,Филиграните се зацврстија на самиот врв од македонската естрадна фолк- хиерархија, па на 31. Октомври ќе го доживее и 25-тто јубилејно издание во салата на Домот на АРМ што ќе претставува голем празник со што ќе го изрази достоинството на врвна фолк-манифестација. Од продукцијата произлегоа многу фолк-хитови, меѓу нив и мега-хитови со неодмилива убавина што ќе ја доловат триесетина елитни естрадни имиња во ретроспективата на дел од најголемите успеси – филигранските бисери.
Творци на „Филиграни“,порано „Тетовски филиграни“,се Костадин Костадиновски и Катерина Стојановска-Десковска кои во 1994. година појдоа во Тетово со највозвишени патриотски чувства да направат врвна фолк-манифестација и во овој дел на Македонија преку песната да се одгласува македонскиот збор.
Стартот беше извонредно успешен, резултатите евидентни,така што филигранските песни беа доминантни во изминативе две и пол децении па организаторите со пиетет го најавуваат големиот јубилеј -25 години на ФИЛИГРАНИТЕ-2018 кој на љубителите на
неговите песни ќе им приреди бесплатен влез на 31. Октомври во салата на Домот на АРМ со почеток во 20. часот да ги прослеадат најновите фолк -рефрени, а потоа и филигранските бисери.


Наградата за животно дело ќе и биде доделена на Виолета Томовска.
Филиграните ќе започнат со најслушаната песна меѓу два фестивала „Твојата хармоника“ во изведба на Јадранка и маестро Ристе Тушевски.
На јубилејното издание ќе бидат доделени две GRAN – PRI награди во спомен на Гоце
Аранаудов и Војо Стојаноски, I,II,III награда од публика и жири како и награда за
најдобар аранжман во спомен на Јанко Узунов како и награда за најдобар дебитант,најсвадбарска песна,интерпретатор,текст и сценски настап.


Фестивалот ќе го сними и премиерно ќе го емитува ТВ СОНЦЕ на 10.11.2018 во 18:30.
Покрај ТВ Сонце медиумски покровител традиоционално е и најтиражниот весник Вечер.
Организациски директор е Зоран Десковски, а водителка по 25-ти пат ќе биде Катерина
Стојановска Десковска, тв водител и новинар од МРТВ која со водењето на Филиграни 2018 ја заокружува бројката од 55. фестивалски водења.
Претседател на совет е Бранко Николовски а за односи со јавност задолжен е Андреј Десковски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …