(ФОТО) Џејми Оливер банкротирал: 600. луѓе останале без работа

Популарниот готвач Џејми Оливер веќе некое време има сериозни финансиски проблеми, а според пишуавњето на британските медиуми, славниот готвач поради деловни потези останал без пари.
Откако неговиот ланец ресторани, минатата година, се нашол пред банкрот, англискиот шеф вложил дури 12,7 милиони фунти, што, вели била целата негова заштеда, со цел да го спаси деловното царство. Но, таквото вложување, оставило сериозни последици.
„Повеќе немам пари за дополнителна поддршка на рестораните“, признал Оливер.


Кога го прашале дали повторно би се осмелил на слично вложување, Оливер одговорил негативно, повторувајќи дека на сметката нема ништо.
„Повеќе не смеам да ризикувам и да ги загрозувам луѓето кои работат за мене“.
Инаку, ресторанот наречен „Jamie’s Italian”, Оливер го отворил во 2008., а во почетокот на оваа година бил приморан да затвори 12. експозитури поради долг од 71,5 милиони фунти, при што отказ добиле 600. луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …