„Украина – година на хероизмот” – голем настан на ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина

Македонскиот државен врв, дипломати од целиот свет, експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество на конференцијата „Украина – година на хероизмот”

„Украина – година на хероизмот” е заедничкиот наслов на големата конференција што се организира утре, 24 февруари, во Домот на АРМ, со почеток во 11 часот, соопшти ЦИВИЛ.


На конференцијата учествуваат Претседателот Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министри во македонската влада, амбасадори и дипломати на повеќе земји од Европа, САД и Јапонија, експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество.

Вкупно 26 говорнички и говорници се предвидени во богатата агенда на Конференцијата во организација на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.


Програмата на настанот предвидува и проекција на краток филм, изложба на фотографии и промоција на книга за херојската борба на Украина.

Датумот на одржување на овој голем настан, 24 февруари, се совпаѓа со почетокот на руската брутална инвазија против Украина пред точно една година.


Изложбата е со фотографии од украинскиот фотограф Едуард Крижанивскиј, додека автор на книгата што се промовира е претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала.

Настанот ќе биде пренесуван во живо, на онлајн каналите на ЦИВИЛ (Фејсбук и Јутуб).

Фото: Едуард Крижанивскиј

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …