Сега знаеме од кого Наоми ги наследила добрите гени.
Сите кои нешто значат во модата синоќа биле во Лондон на доделувањето на наградата
Fashion.
На црвениот тепих во Ројал Алберт Хол прошетале бројни познати фаци, но најмногу внимание привлекла Наоми Кембел и тоа поради својата интересна придружба. 47. годишната „Црна пантера“ на гламурозниот настан ја донела својата мајка, 65. годишната Валери Морис, а да не се знае во какви односи се, секој би помислил дека се сестри.
Двојката во црно докажала дека јаболката не паѓа далеку од стеблото па сега знаеме од кого Наоми ги наследила добрите гени. Манекенката носела фустан со прозирен долен дел под кој се назирало металик плисирано здолнише, додека нејзината мајка изгледала супер стајлиш во струкираниот костум и со змијска огрлица.
„Црната пантера“ во придружба на мајка и која изгледа како „постара сестра“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.