25. годишната Суки Вотерхаус е манекенка и британска „it” девојка која често на себе нафрлува се и сешто во очигледната желба да биде попосебна од останатите.
Иако е манекенка, на русокосата очигледно дека модата „не и е во малечкиот прст“.
25. годишната Суки Вотерхаус е манекенка и британска „it” девојка која често на себе нафрлува се и сешто во очигледна желба да биде попосебна од останатите.
Така било и синоќа кога младата русокоса се појавила во доста дискутабилна комбинација на црн прозирен фустан кој го искомбинирала со златни каубојски чизми.
Комбинацијата никого не импресионирала, но присутните ги забавувал фактот дека Суки се појавила таква на истиот црвен тепих каде била и нејзината многу попозната колешка Ирина Шајк која набргу ќе се омажи за нејзиниот бивш дечко.
Имено, и Суки две години се забавувала со холивудскиот глумец Бредли Купер, и покрај големата разлика од дури 16. години, но тоа не била причина за прекинувањето. Како што се шушкало, наводно Бредли не сакал да се ожени со неа, бидејќи неговата мајка не можела да ја смисли.Со оглед на тоа дека на мајка му не и била по воља младата манекенка, Бредли и рекол „збогум“ во март 2015. година.
Набргу потоа, глумецот освоил една од најубавите жени на светот со која пред неколку месеци доби ќерка, а на раката на Ирина веќе подолго блеска и дијамантскиот прстен.
Со оглед на тоа дека Ирина вчера кога се појавила на црвениот „го избришала“ подот со конкуренцијата, веруваме дека на Суки не и било лесно.
Инаку манекенката веќе неколку месеци го љуби глумецот Диего Луна.