Телото на украински рапер најдено распарчано во замрзнувач: Сопругата „сечела“ четири дена!

Телото на украинскиот рапер Енди Картрајт (30) е пронајдено распарчено во замрзнувачот.
Неговата сопруга Марина Кокал е уапсена, а делови од телото биле пронајдени во нивниот стан во Санкт Петербург.

Марина (36) ја негира одговорноста за убиството и тврди дека раперот починал од предозирање со дрога.
Си-Ен-Ен објави дека во полицискиот извештај се наведува дека Марина го исекла телото на нејзиниот сопруг на парчиња, ги измила сите внатрешни органи, ги зачувала екстремитетите со сол и се’ ставила во замрзнувачот.


Според непотврдени обвинувања, Марина контактирала со нејзиниот адвокат, му објаснила дека нејзиниот сопруг предозирал и побарала совет.
Украинските медиуми наведуваат дека сопругата „сечела“ четири дена, но и неколку верзии за смртта на раперот. Така се наведува дека сопругата го дрогирала Енди, потоа дека во „сечењето“ и помогнала и нејзината мајка, како и дека бракот им бил при крај па сопругата сакала да ужива во славата на сопругот…



Како и да е, што и да е вистина, факт е дека раперот е мртов и распарчан, а истрагата ќе ги донесе конечните резултати за смртта на раперот Енди Картрајт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …