Театарска претстава за деца „Трнорушка“

Во понеделник на 11-ти декември 2023 година, од 11:00 часот во Центарот за култура “Ацо Шопов“ – Штип (голема сала), младата публика ќе има можност да ја проследи Театарската претстава за деца „Трнорушка“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Режија: Бојана Краљевска
Сценографија: Крсто Богојевски
Изработка на костими: Дарко Илиевски
Играат: Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Владанка Димковска, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ.


Како една од најстарите уметнички форми, бајката e потреба низ сон, мечтаење, имагинација да се наткрили животот. Таа со својот јасен и цврст етички кодекс (борба за добро, правда, еднаквост, љубов) ни открива и подвлекува некои суштински животни вредности.

Бајката на сцена не толкува, објаснува, ниту докажува, туку повеќе потшепнува и предизвикува, запрашува и провоцира и, оддалечувајќи нè од животот, ни зборува за животот. Таква е и нашата „Трнорушка“


Цената на билетот изнесува 150 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …