Kонцерт на Никола Бочваров квартет во Котур

На 11 декември 2023 година во 21:00 часот во кафе и филм Котур, ќе се одржи концертот на Никола Бочваров квартет.

Никола Бочваров е роден во Скопе , 25 . 12 1976 год.
Дипломиран контра – басист при Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, оддел за популарни жанрови, додека џез едукација има стекнато на “Franz Schubert Konservatorium” во Виена. Големото искуство и обемната работа во изминатите дваесетина години го направија еден од најбарани и најмаркантни басисти кај нас. Покрај изведувачките способности во многу инструментални состави (Groovy Loons , OffGround Ansamble, Bramha Trio ,Иван Иванов квартет, Дамир Имери квартет, Симон Киселички трио и др. ) , како и вокално – инструментални поп /рок состави (Калиопи, Тамара Тодевска, Владо Ланевски, Каролина Гочева, Мизар …), Никола го препознаваме како композитор и / или бенд – лидер (Атом, Калап, Антиарт, Musaiq,, Bllabllablla , Bramha Amity).


Останатите членови во квартетот се:

Стефан Алексовски – клавијатура / пијано
Стефан е повеќепати наградуван пијанист , дипломиран при Факултетот за Музичка Уметност во Скопе. Иако млад, веке со големо искуство позади себе како постојан член на повеке состави од различни жанрови ( Суперхикс, Дина Jaшари, Калата, Musaiq и др.)


Иван Петровски – гитара
Иван Петровски е еден од најмаркантните гитаристи од новиот бран во Скопје. Дипломиран на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, отсек аранжирање . Докажан бенд – лидер (D.S.H. ) и постојан член на повеке состави ( Musaiq, OffGround Ansamble , 3jecm , Лилит и др.).Добитник на најпрестижната награда “Златен Орикс ” од Скопје џез фестивал, за најдобар џез гитарист за 2020 година.

Александар Ванчовски – тапани / перкусии
Александар е дипломиран перкусионист при Факултетот за Музичка Уметност – Штип, отсек џез . Еден од најпроминентните музичари во Македонија. Александар беше избран за најдобар млад музичар при фестивалот Џез Фактори – Битола за 2020год.


Троцата се членови на квартетот на Никола Бочваров од 2022 год, од неговото основање.

Билетите се по цена од 200 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …