Театарската претстава „Не се клади на Енглези“ утре во МНТ

Утревечер во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“, на авторот ВЛАДИМИР ЃУРЃЕВИЌ, а во режија на СИНИША ЕВТИМОВ.

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.


Улоги:

Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле


Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Илија Тарчуговски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ

Цената на билетот е 500 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на …